ИЗМЕНЕТИ ТРАСИ НА АВТОБУСКИТЕ ЛИНИИ: Утре неколку автобуски линии ќе сообраќаат по изменети траси!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од утре, сабота (1.06.2019 година) од 6 часот, па до недела (2.06.2019 година), поради градежни активности, целосно затворен за сообраќај ќе биде булевар „Партизански одреди“ и тоа од вкрстувањето со улица „Бледски договор“ (после Поликлиника Букурешт) до вкрстувањето со улиците „Љубљанска“ и „Московска“ (ТЦ Сити мол), а автобусите од јавниот превоз што сообраќаат во тој дел ќе бидат пренасочени. При времениот, изменет режим на сообраќање, автобусите ќе ги користат постоечките постојки на трасите, информираат од ЈСП- Скопје.

Времено по изменети траси од вообичаените ќе сообраќаат:

Линиите: 2, 2А, 4, 12, 21, 22, 22А, 24
*Во правец од Центар према Карпош ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди“, по улица „Бледски договор“ (Болница 8 Септември), булевар „Илинден“, улица „Љубљанска“ (Терминал Карпош 4), булевар „Партизански одреди“ и секој по своја траса.
*Во обратен правец по истата траса.

Линиите: 32, 56, 56А, 11, 11А, 60, 64А
*Во правец према Ѓорче Петров ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди“ по булевар „8 Септември“, булевар „Илинден“, улица „Љубљанска“ (Терминал Карпош 4), булевар „Партизански одреди“ и секој по своја траса.
*Во обратен правец по истата траса.

Линиите 4А и 28 во Тафталиџе ќе го користат терминалот од линија 24 како почетна/крајна постојка.

Линиите: 7, 15, 15А, 19 и 59

*Во правец према Карпош ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди“, по улица „Бледски договор“ (Болница 8 Септември), булевар „Илинден“, улица „Никола Парапунов“ (Стара телевизија), лево на булевар „Партизански одреди“ и пред ТЦ Сити мол, лево на улица „Љубљанска“, при што Терминалот Карпош 4 ќе го користат како крајна и почетна станица.

*Во обратната насока ќе тргнуваат од Терминалот Карпош 4 и секој ќе се движи по својата вообичаена траса.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This