Изменет сообраќаен режим утре во Скопје за манифестацијата „Вело Фиеста”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста” утревечер од 18 до 23 часот ќе има посебен сообраќаен режим на дел од ул.„Димитрие Чуповски”, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев” до крстосница со ул.„11 Октомври” во Скопје.

-Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This