ИЗМЕНЕТ СООБРАЌАЈНИОТ РЕЖИМ: Причините се поради манифестациите за верскиот празник Водици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 19.01.2020 поради манифестациите за верскиот празник Водици, Одделението за бeзбeднocт на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен peжим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Аеродром и населбата Хром.

Во периодот од 10:00 часот, па до завршување на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје ќе бидат затворени за сообраќај улиците „Филип Втори Македонски“ до булеварот „Гоце Делчев“ и од Кеј „13 Ноември“ до булеварот „Кочо Рацин“.

Во општината Ѓорче Петров од 10:00 часот црковната литија ќе се движи почнувајќи од црквата „Свети Петар и Павле“, десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по улицата „Ѓорче Петров“, лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и лево по улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10:00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This