Измените на Уставот в среда пред Уставниот суд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку Уставниот суд ги прифати двете иницијативи, тоа може да значи и крај на почнатите процеси за измена на Уставот за промена на името на државата и имплементација на спогодбата со Грција

Уставниот суд в среда, врз основа на две поднесени иницијативи, ќе ги оценува законитоста и уставноста на собраниската одлука за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија. Одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија е шеста точка на дневниот ред за седницата на Уставниот суд на 31-та седница, дознава „Нова Македонија“.
Девет уставни судии треба да одлучат дали ќе поведат постапка за оцена на уставноста на одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија oд 19 октомври 2018 година, по што доколку биде прифатена, сето тоа ќе оди на гласање.

Доколку Уставниот суд ги прифати иницијативите, судот може да ја поништи одлуката или да донесе привремена мерка до одлучување, со што ќе се суспендираат сите поединечни дејства и акти за да се спречат штетните последици по правата и слободите и внатрешниот правен поредок на земјата.
Според информации добиени од извори на Уставниот суд на Република Македонија, преиспитувањето на законитоста и уставноста за пристапувањето на промените на Уставот пред уставните судии се должи на две поднесени иницијативи.
– Овие иницијативи се поднесени од страна на здружението на Светскиот македонски конгрес регистриран во Скопје и од страна на физичко лице од Свети Николе – брифираат нашите соговорници.

Според нив, судот наредната недела на седницата ќе може да одлучи дали оваа конкретна одлука е спротивна на Уставот, уставноста или законитоста на РМ. Исто така, уставните судии можат и да ги отфрлат овие иницијативи доколку се поднесени спротивно од предвидените процесни претпоставки.
Инаку, подносителот, Светскиот македонски конгрес, на 47 страници ги елаборира своите ставови и мислења во однос на поднесената иницијатива од нивна страна.
– Од Уставниот суд на Република Македонија бараме да ја поништи одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 192/2018), донесена од Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 19 октомври 2018 година, бидејќи не е во согласност со членот 1, членот 2, членот 8, членот 51, членот 52, членот 61, членот 68, членот 73, членот 75, членот 91, членот 118, членот 119, членот 130 и членот 131 од Уставот на Република Македонија.

Прифаќањето на оваа иницијатива за поништување на одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со привремена мерка до одлучување, значи крај на еден ретрограден процес што ја демонтира државноста на Македонија и проектира нова држава „Северна Македонија“, како територија без народ и историја под протекторат на Грција. Со одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија евидентно е флагрантното кршење на Уставот и законите на државата Македонија и на меѓународното право – тврдат од Светскиот македонски конгрес.

Нивната иницијатива поднесена до Уставниот суд завршува со зборовите: „Ваше е да пресудите, Ваша ќе е славата, но Ваша е и историската одговорност за државата Македонија и македонскиот народ, за сите граѓани на државата Македонија – Македонци по род и државјанство!“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This