ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ОРУЖЈЕ: Ограничено правото за дозволи за лица помлади од 25 години, легализирање на оружје без дозвола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата денеска на седница го утврди новиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето и донесе одлука да го достави до Собранието на Република Македонија на натамошна постапка.

– Определени точки на изменување на Законот, меѓу другото, се однесуваат на преквалификација на определени видови оружје, ограничување на правото на набавување на кусо и долго огнено оружје со жлебени цевки за лица помлади од 25 години под определени услови, продолжување на рокот за заменување на дозволите за поседување и носење на оружје и дозволите за поседување на оружје, повторно воведување на легализација на оружјето од Б, Ц и Д категорија кое се поседува без соодветна важечка исправа издадена согласно одредбите на стариот Закон за набавување, поседување и носење на оружје и Законот за оружјето, наведуваат во соопштението на владината прес-служба

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This