March 28, 2024, 11:13 am

ИЗМЕНИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО: Првачињата од годинава добиваат наставник по физичко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првачињата од годинава добиваат наставник по физичко. Министерот Адеми информираше дека Министерството за финансии дало позитивен одговор за финансирање на дополнителните наставници. Рече дека лично потпишал согласност за сите училишта кои доставиле барање за ангажирање на дополнителен наставник. „Тандем-наставниците“ имаат за цел да ги подобрат физичките способности и моторните вештини на децата.


-Оваа година во прво одделение одиме со тандем наставници за предметот физичко образование. Следната година прво и второ одделение, па третата година прво, второ, трето итн. Сукцесивно за пет години ќе се заокружи реформата како што е предвидено и со Законот, изјави министерот за образование и наука Арбр Адеми.

Денеска во општина Центар беше отворено новото основно училиште кое го носи името на првиот претседател на државата, „Киро Глигоров“. Училиштето е градено според најнови сандарди, а според надлежните треба да биде пример како да се градат идните.

Објектот се протега на површина од над 12.000 квадратни метри и дворна површина од 4.100 квадратни метри. Ова е единствено училиште што има и инклузивна просторија – Дневен центар за деца со церебрална парализа.

-Ова училиште навистина е модел според кој ќе се градат сите идни училишта во нашата земја, модел според кој ќе се реконструираат сите веќе постоечки училишни објекти. Вложувањето во знаењето, во образованието, е најблагородната задача што едно модерно општество ја остварува. Тоа е вложување во најскапоцениот потенцијал на општеството – неговиот народ, неговите граѓани, истакна премиерот Заев.

И во ова и во сите останати училишта низ државата според Министерот Адеми дистрибуцијата на учебниците се одвива според динамиката од минатите години и нема простор за загриженост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This