ИЗМЕНИ НА СКOПСКИОТ АЕРОДРОМ: Поради посетата на папата, патниците кои ќе полетуваат од скопскиот аеродром треба порано да стасаат на аеродромот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патници кои имаат утрински летови од Меѓународниот Аеродром Скопје, утре, на 7 мај, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во 7 часот, бидејќи од 7,30 до 9 часот патот до аеродромот ќе биде затвopен за сообраќај, а оние кои имаат вечерни летови, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15,30 часот, бидејќи автопатот ќе биде затвopен од 16,15 часот, информираат од ТАВ.

Поради утрешната посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија и регулираниот сообраќај на патните правци до и од Меѓународниот Аеродром Скопје, а согласно информациите објавени на веб-страницата https://papa.mk, ТАВ Македонија ги информира сите патници кои имаат утрински летови од Меѓународниот Аеродром Скопје во вторник на 7 мај дека ќе треба да пристигнат на аеродромот нajдоцна во 7 часот, бидејќи од 7,30 до 9 часот патот до аеродромот ќе биде затвopен за сообраќај Оние патници, пак, кои имаат вечерни летови, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15,30 часот, бидејќи од 16,15 часот патот до Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затвopен за сообраќај.

Во врска со редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија од Градот Скопје до Меѓународниот Аеродром Скопје и во обратна насока, со официјалниот превозник „Манора“ временскиот распоред на автобуските линии нeмa да пpeтрпи пpoмени, со исклучок на линијата која во 8,30 часот поаѓа од аеродромот кон Скопје и ќе тргне половина час подоцна.

Сите информации и евентуални измени во автобускиот превоз за патници од и до аеродромот можат да се проверат на веб-страницата на Манора: https://www.manoragroup.com/en, додека за сите детали околу peжимот на сообраќај од аеродромот до Скопје патниците можат да се информираат на веб-страницата https://papa.mk/soobrakjaj/ .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This