Измaми со владините ваучери за туризам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пазарната инспекција минатата недела поднела три kpивични пријaви поради измaми со ваучерите за туризам, објави Сител ТВ.

Станува збор за три објекти, две во Охрид – Градиште 1 и Градиште 2, и еден во Струга, но има неколку сомнителни случаи кои дополнително ќе се проверуваат. Од Пазарниот инспекторат најавуваат засилување на инспециските надзори во текот на оваа недела.

Лицето на чие име гласи ваучерот мора да биде присутно во сместувачкиот објект и да биде заверено во книгата на гости. Меѓутоа, пазарните инспектори не можат да ги идентификуваат гостите за да докажат дали навистина тоа лице е сместено во објектот или прилежена е само копија од неговата лична карта.

До денеска, искористени се 7013 ваучери, најголем дел во Охрид и во Струга. Досега издадени се над 95.000 ваучери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This