ИЗМEHИ ВО ВОЗНИОТ РЕД: Еве како ќе сообраќаат автобусите за Велигденските празници и 1 Мај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод претстојните велигденски празници, во петок (26.04.2019 година) возилата од jaвниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклyчoк на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160, 180 кои ќе возат по дeлничeн возен ред.

Во сабота (27.04.2019 година), недела (28.04.2019 година) и понеделник (29.04.2019 година) автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Автобусите по неделен возен ред ќе сообраќаат и во среда на 1 Мај- Меѓународниот ден на трудот.

Жичарницата на Водно ќе работи вообичаено сите празнични денови од 10 до 18 часот, а автобусите што сообраќаат до Средно Водно 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) во понеделник (29.04.2019 година) ќе возат по неделен возен ред.

Жичарницата во вторник (30.04.2019 година) нeмa да работи, информираат од ЈСП-Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This