ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА УБИЛА РИБАР: Палестински рибар убиен затоа што бродот „изгледал сомнително“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Палестинец бил убиен од страна на Израелските одбрамбени сили откако неговиот брод ги преминал границите дефинирани како зона за риболов. ИДФ го опиша пловилото како „сомнително“ во соопштението по инцидентот

Откако бродот во кој биле тројца Палестинци застранил од риболовната зона во близина на северниот брег на појасот Газа, ИДФ започнале со „протокол за апсење“, вели Израелската војска во соопштение, цитирано од локалните медиуми.

Војниците наводно го повикале бродот да запре и истрелале неколку предупредувачки истрели пред да го нападнат бродот директно, стои во соопштението. „Како резултат на престрелката, еден од осомничените бил сериозно повреден и подоцна загинал како резултат на повредите“, велат од Израелската војска. Другите двајца се задржани на испрашување.

ИДФ не споменува никакви провокативни активности од страна на Палестинците, освен тоа што ја напуштиле зоната за риболов.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This