April 19, 2024, 10:10 pm

ИЗРАЕЛСКИОТ ПРЕМИЕР СЕ ЗАКАНИ: Израел ќе му наплати секому кој ќе се обиде да му наштети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелскиот премиер денеска му упати јавно предупредување на Иран, нагласувајќи дека армијата на Израел ќе му наплати на секој оној што ќе се обиде да му наштети на нејзиниот народ.

– Слушаме закани од Иран. Израелските одбранбени сили и безбедносните служби се подготвени за секаков развој на настаните. Ќе се бориме против секој кој ќе се обиде да ни наштети, изјави Нетанјаху на свечената седница на неговата Влада, по повод 70-годишнината од независноста на Израел.

Изјавата на Нетанјаху претставува реакција на заканите на Техеран по минатонеделните воздушни напади врз сириска воздухопловна база, за што Сирија, Иран и Русија го обвинија Израел. По нападите Иран се закани дека Израел ќе зажали за стореното.

Израел досега официјално не ги коментираше трвдењата дека нападите се негово дело, но неименевани извори во израелската Влада потврдија дека бомбардирањата ги извршиле нивни авиони и дека за тоа однапред ја информирале Белата куќа.

(Миа)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This