ИЗРАЕЛСКИ ХАРЕТЦ: Антиceмитски нaпaди од поддржувачи на владејачкиот СДСМ врз Мизрахи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Првата Еврејка министер во Владата на С Македонија е разрешена затоа што го користела старото име на државата“. Ова е наслов од најстариот печатен медиум во Израел „Харец“, кој во подолга статија ја информира тамошната јавност за причините за смената на Рашела Мизрахи.


Весникот го објаснува спорот меѓу Скопје и Атина, кој бил причина за официјалната промена на името на државата која, како што се наведува, од февруари 2019 година се вика С Македонија.

Во однос на разрешувањето, се нагласува дека одговорност за нејзините постапки прв побарал министерот за надворешни работи на С Македонија, кој оценил дека таа го крши Уставот.

Мизрахи за „Харец“ вели дека не сторила ништо незаконски, туку ја користела таблата што ја наследила од нејзината претходничка, актуелната вицепремиерка Мила Царовска. Таа смета дека причина за смената не била таблата, туку нејзината намера да ги разобличи незаконитостите во ресорот што го презела.

Во однос на почитувањето на Преспанскиот договор, таа посочува дека нејзиниот став е ист како и на партијата, дека Договорот е навредлив и неправеден.

Во статијата детално се опишува биографијата на Мизрахи, а се акцентира дека нејзиниот последен ангажман како министерка уште од самиот избор бил мета на критика, но и на антисемитски напади, пред сè од поддржувачи на владејачкиот СДСМ.

Во таа насока е и продолжението на написот, во кој се цитира изјава и од Мизрахи, која, како што вели, била непријатно изненадена бидејќи македонските граѓани не се антисемити.

„Тие напади беа дел од една невкусна и лоша политичка кампања, со вербални напади врз мене, со споменување жолти ѕвезди. Целата еврејска заедница беше во шок“, изјавила Мизрахи за весникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This