Израел го yништи вoeниот комплекс од каде се лaнсиpaле pakeти кон израелската територија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелските воздухопловни сили (ИАФ) неутрализирале оперативна единица на Хамас, движењето што го контролира Појасот Газа, која од Газа стрелала ракети кон Израел, објави ИАФ на Твитер.

Израелската армија го погодила воениот комплекс кој ѝ припаѓал на технолошката единица на Хамас, лоциран во областа Џабалија, на север од енклавата.

„Авион на ИАФ предмалку неутрализира оперативен сегмент на терористичката организација Хамас веднаш откако истрела ракети кон израелска територија од источниот дел на Појасот Газа. ИАФ погоди и ракетен фрлач на Хамас во Кан Јунис“, се вели во твитот.

Размената на ракетен оган меѓу Израел и Појасот Газа, која трае од 10 мај, беше поттикната од немирите во џамијата Ал-Акса, во Источен Ерусалим. Според последните податоци, убиени се најмалку 12 Израелци и повеќе од 240 Палестинци.

Судирите меѓу Палестинците и израелските полицајци избија откако израелскиот суд донесе одлука за иселување на неколку палестински семејства од градската населба Шеик Џара и предавање на имотот на еврејските доселеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This