ИЗРАЕЛ ЗА НАПАДОТ НА ГАЗА: Само што почнавме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за одбрана на Израел, Авигдор Либерман изјави дека нападите врз Појасот Газа, е одговор на гранатирањето, која беше спроведена од страна на палестинските сили и е “само почеток”.

“Хамас и исламскиот џихад веќе платија висока цена за нивните акции, и ова е само почеток. Ние немаме намера да ги игнорираме или да толерираме такви акции “, рече Либерман, според неговата прес-служба.

Палестинските милитанти истрелаа утрово десетици проектили и можеби ракета кон јужните региони на Израел, проектили кои биле пресретнати ракетен одбранбен систем “Железна купола”.

Систем за ПВО “Железна купола” собори неколку ракети лансирани од појасот Газа кон јужниот дел на провинцијата Израел, претходно изјави прес-службата на армијата.

“Откако сирените предупредија за напад од воздух, неколку такети беа откриени во јужниот дел на Израел. Системот на ПВО “Железната купола” ги пресретна ракетите, според соопштението за печатот.

Ова е четвртиот бран на гранатирање ова утро, на кое армијата одговори со напад врз енклавата.

Претходно предупредувачките сирени се слушнаа во помалите гранични села, како и околу градот Ашкелон и Сдерот. Најмалку 35 ракети се лансирани од Палестинска територија.

” Армијата на Израел ги употребила воздухопловните сили за напад на 35 терористички цели во седум терористички комплекси кои припаѓаат на терористички групи Хамас и Исламски џихад”, се вели во извештајот за операцијата.

Меѓу нападнатите објекти се наоѓаат штабови, арсенали, “поморски цели” и тунелот што води од Газа во Израел преку египетската територија, кој е десетиот подземен премин што Израелците го пронашле во последните неколку месеци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This