April 20, 2024, 12:57 pm

ИЗРАЕЛ ИЗРАЗИ ЗАГРИЖЕНОСТ: Израел вети дека ќе го “елиминира” Асад ако продолжи да дозволува Иран да дејствува во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израел во неколку наврати изрази загриженост поради наводното воено присуство на Иран во Сирија и тврди дека Исламската Република гради база во земјата, додека Техеран силно ги отфрли обвинувањата. Сепак, Иран призна дека испратил воени советници во Сирија за да му помогне на Дамаск да се бори против терористите.

Израелскиот министер за енергетика Јувал Штаиниц тврди дека Израел е подготвен да го “елиминира” сирискиот претседател Башар Асад ако тој продолжи да ” му дозволува на Иран да дејствува” во Сирија.

“Неприфатливо е дека Асад тивко да седи во својата палата и повторно да го гради режимот, дозволувајќи Сирија да биде претворена во база за напад врз Израел”, изјави Штајниц.

Министерот тврди дека иако Израел досега не се вмешал во сирискиот конфликт, тој е подготвен да ја собори сириската влада.

“Ако Асад дозволи Иран да ја претвори Сирија во воена база против нас, и да не напаѓа од територијата на Сирија, тој треба да знае дека тоа ќе биде неговиот крај”, рече Штајниц.

Овој изјава се случи само еден ден откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја нема да го толерира наводното иранско воено присуство на нејзините северни граници, дури и ако тоа значи прибегнување кон воени дејства.

Нетанјаху тврдеше дека во последниве неколку месеци Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда испраќа модерно оружје во Сирија, вклучително и беспилотни летала, системи за воздушна одбрана и проектили земја земја.

Претходно на 9-ти април, неколку израелски воени авиони Ф-15 спроведоа воздушен напад врз воздухопловната база Т-4 во Сирија, при што загинаа седум Ирански државјани.

Иранските власти ветија одговор на овој напад, поради што израелските медиуми шпекулираат дека Иран може да спроведе ракетен напад против Израел од локации во Сирија.

И покрај израелските и американските тврдења, Иран негираше дека имало воено присуство во Сирија, иако призна дека испраќала воени советници да му помогнат на Дамаск да се бори против тероризмот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This