Израел, Кипар и Грција се пoвpзyвaaт пpeкy нajдoлгиoт и нajдлaбoк пoдвoдeн дaлнoвoд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кипар, Грција и Израел потпишаа прелиминарен договор за изградба на најдолгиот и најдлабокиот подводен далновод, кој ќе биде поставен на дното на Средоземното Море.

Кабелот ќе ги поврзе електричните мрежи на трите земји. Проектот е вреден 900 милиони долари.

Проектот, наречен Евроазиски интерконектор, ќе обезбеди резервен извор на енергија во случај на катастрофа, информираше израелскиот министер за енергетика Јувал Штајниц, кој престојува во Никозија заради потпишување меморандум за разбирање со неговите колеги од Грција и Кипар.

Според Кипар, проектот е клучен чекор што ќе стави крај на енергетската изолација на островот.

Кабелот ќе има капацитет од 1000-2000 MW и се очекува да биде завршен до 2024 година, објасни израелското Министерство за енергетика. Кабелот ќе биде долг 1.500 километри и ќе биде поставен на максимална длабочина од 2.700 метри, што го прави најдолгиот електропровод, поставен на најголема длабочина.

Првата фаза се очекува да започне во 2025 година. Кабелот ќе опфати три дела во Медитеранот: 310 км меѓу Израел и Кипар, 900 км меѓу Кипар и Крит и 310 км помеѓу Крит и континентална Грција.

Грчката компанија за електрична енергија ИПТО започна со изградба на делницата од Крит до копното, а се очекува да заврши до 2023 година.

Европската унија го признава кабелот како проект од заеднички интерес, што значи дека е подготвена да обезбеди финансирање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This