ИЗРАЕЛ ПОБАРА ПОМОШ ОД РУСИЈА: По граничниот инцидент во кој сириските сили погодија израелски авиони, Израел бара деескалација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израел побара помош од Русија за смалување на тензиите на границата со Сирија, каде е соборен ирански дрон и израелски ловец кој изведувал напади на соседната земја под тежок против-авионски оган, соопшти порталот „Вајнет“

Весникот тврди дека во пораката упатена до Москва израелските власти ја изразиле својата намера за што поскоро решавање на пограничниот инцидент и некои денешни случувања, а повторно предупредуваат на заканата од присуството на Иран во Сирија.

„Израел побара итна интервенција од Русија поради спречување на ескалација на северот. Апелот беше еден од резултатите на итните состаноци кои изутрината ги одржаа премиерот, министерот за одбрана и претставници на воениот и политичкиот естаблишмент во земјата“, наведува порталот.

Слична порака Израел упати и до Соединетите Американски држави.

Претставниците на двете амбасади, израелската во Москва и руската во Тел Авив, не коментираа на соопштенијата за билатералните контакти во врска со инцидентот. Канцеларијата за информирање на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не е достапна за комуникација.

Прес-службата на израелската армија соопшти дека во текот на вечерта израелската војска пресретнала иранско беспилотно летало која влегла во земјата од правец на Сирија и како одговор на тоа ги нападнала „иранските цели“ на територија на соседната земја. Сириските државни медиуми, од своја страна, јавуваат дека силите на противвоздушната одбрана погодиле неколу израелски авиони.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This