Израел потпиша пред-договор со Pfizer за 8 милиони дози вакцина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израел потпиша официјален договор за намери со американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ за околу осум милиони дози од вакцини против коронавирус – ако и кога тоа ќе биде одобрено и компанијата започне да ја испорачува на странски клиенти.

Фајзер може да добие исплата од над 35 милиони УСД веќе следната недела, иако договорот не вклучува никаква обврска за реално снабдување на вакцината. Останатите 200 + милиони долари ќе бидат платени откако ќе бидат испорачани околу осум милиони дози, но ако зголемената побарувачка во САД или други „околности“ го спречуваат Pfizer да ја исполни нарачката, Ерусалим ќе добие поврат на средствата.

Нетанјаху веќе ја извести наијата дека разговарал и со други земји и светски лидери „за да се осигура дека ќе ја примиме вакцината“. „Нашата мисија е да обезбедиме вакцина за секое лице во Израел – без исклучок.“

Во меѓувреме, тој ги повика Израелците да покажат трпеливост и да се покоруваат на анти-ковид директивите и мерките на владата, признавајќи при тоа дека „ќе поминат месеци додека не пристигнат вакцините, под претпоставка дека ќе бидат одобрени“.

Израел истовремено ја отфрли западната загриженост за руската вакцина Спутник-V против Ковид-19 како „политичка“, и веќе претходно нарача 1,5 милиони дози

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This