April 26, 2024, 10:06 pm

ИЗРАЕЛ СЕ ПРИДРУЖУВА НА НАТО: Израелската армија за прв пат ќе учествува на НАТО вежба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Воената вежба “Ударна Сабја 18” ќе се одржи во Полска и во балтичките држави, Литванија, Латвија и Естонија, а на нејзе ќе учествуваат 18.000 војници од 19 земји. Тоа ќе биде првата воена вежба од толкава големина во тој дел од Европа.

Според израелскиот “Харец”, неколку десетици членови на одбранбените сили на Израел ќе учествуваат во завршните фази на вежбата. Тоа ќе биде првата вежба на израелските војници со силите на НАТО.

Во изјавата од штабот на американската армија во Европа се вели дека вежбата е “демонстрација на посветеноста и солидарноста на Алијансата”. Во соопштението се наведува дека тоа не претставува провокација за Русија.

Германскиот весник “Ди велт” претходно објави, повикувајќи се на дипломатски извори од командата на НАТО во Брисел дека Алијансата планира да формира резервни сили од 30.000 војници, со стотици борбени авиони и воени бродови, подготвени да реагираат во случај на руски напад.

Москва ги отфрли плановите за напад врз билок која членка на НАТО, истакнувајќи дека “руската закана” е само покритие за понатамошно милитаризација и поттикнување на конфликт на границите на Русија.

НАТО од почетокот на украинската криза го интензивира присуството во земјите од Источна Европа, присуство кое го оправдуваат со наводните вмешувања на Русија во конфликтите во регионот. Москва постојано ги отфрли обвинувањата дека се меша во украинската криза, и потенцира дека со зголеменото присуството на Алијансата го дестабилизира регионот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This