(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ЈА НАПАДНА СИРИЈА: Сириската противвоздушна одбрана го спречила нападот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што јавува РТ сириската армија спречила израелски ракетен напад во близина на аеродромот во Дамаск.

Противвоздушната одбрана на сириската армија изврши пресретнување на неколку “израелски проектили” над меѓународниот аеродром во Дамаск, објави државната новинска агенција САНА, цитирајќи воен извор, пренесува РТ.

“Нашите системи за противвоздушна одбрана ја попречуваат израелската ракетна агресија”. Репортерот на САНА во меѓувреме објави звуци на експлозии во близина на аеродромот.

Портпаролката на израелската армија одби да коментира за пријавениот инцидент, одговарајки на поставено прашање на Ројтерс, изјавила, “ние не коментираме за странските извештаи”.

Агенцијата објави кратко видео што покажува дека се работи за ракета во лет над Дамаск. Уште едно видео, објавено од страна на сирискиот портал за вести Мураселон, наводно покажува дека е употребена против-авионска ракета, која експлодирала во воздух. Поради нискиот квалитет на снимката останува нејасно дали тој проектил ја погодил целта.

Подготви:

Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This