Израел: 14 вакцинирани со третата доза позитивни на ковид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според израелското Министерство за здравство, 14 лица кои ја примиле третата доза од вакцината „Ковид 19“ биле позитивни на корона вирусот, објави Канал 12, пренесува Спутник.
Во извештајот се наведува дека две лица заразени се хоспитализирани.
Според „Тајмс оф Израел“, сѐ уште не е јасно кога тие луѓе се заразиле во однос на времето кога ја добиле зголемената доза.
Од 14-те заразени по добивањето на третата доза, 11 се постари од 60 години, а останатите се имуно-компромитирани луѓе помлади од таа возраст.

Според извештајот, двајца од хоспитализираните се постари од 60 години.

Телевизијата посочува дека ваквите спорадични примери не се доволни за медицинските работници да извлечат заклучоци за целокупната ефикасност на засилувачката доза во борбата против варијантата на делта на корона вирусот.
Откако започна примената на третата доза во Израел минатата недела, околу 420.000 граѓани се вакцинирани со неа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This