Изрaeлците гopдo ce пoфaлиja: „Ниe ja имaмe пpвaтa apмиja co кoлekтивeeн имyнитeт“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелските одбранбени сили денеска соопштија дека кампањата за вакцинирање на нивните војници успешно обезбедила колективен имунитет на коронавирус во армијата и дека тоа е првата армија во светот која ја остварила таа цел.

Како што соопштија од израелското Министерство за одбрана, вакцинирани или опоравени од коронавирусот се 80% од војниците, пренесува новинската агенција „АП“.

Од военото раководство на израелската армија сепак додадоа дека не можат да ги примораат преостанатите војници да ја примат вакцината.

Бригадниот генерал Алон Глазберг, главен воен медицински официр во армијата, изјави дека единиците со 90% вакцинирани или опоравени војници ќе добијат „зелен статус“, што значи дека ќе има поголема флексибилност во обуката, собирите и делувањето.

„Тоа ќе ни овозможи да се обучуваме и да дејствуваме понормално“, изјави Глазберг и нагласи дека се уште постојат некои рестрикции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This