ИЗЈАВА НАУТРО, ДЕМАНТ ПОПЛАДНЕ, ВИСТИНАТА НАВЕЧЕР: Заев презентирал план за промена на името пред Пенс, тоа е повеќе од јасно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската јавност ниту малку не се сомнева дека Заев со вториот човек на Америка на неформален состанок го претставил плано за промена на името Македонија.
Иако македонскиот премиер Зоран Заев упорно тврди дека на американскиот потпретседател Мајк Пенс позади кулисите на Самитот на лидерите на Јадранската повелба во Подгорица не му го претставил планот за промена на името Македонија, засега тоа не го порекнува никој од американските официјални претставници

 

Од друга страна, македонската јавност и политичката елита ниту малку не се сомневаат дека до таков разговор дошло. Еден од соговорниците на Спутник, професорот.др. Александар Даштевски од Факултетот за политички науки, вели дека тоа веќе не е ниту тема на прашање, бидејќи во Македонија тоа е јавна тајна, потсетувајќи дека таквите собирања служат токму за неформалните разговори на кои се разговара за нешто што не е на јавн агенда.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Тоа не е тајна ниту денес, ниту била пред изборите. Заев за тоа зборуваше во повеќе наврати нудејќи помеѓу останатото и веќе во јавноста познати комбинации на името „Северна“ или „Горна Македонија“, со предзнак дека Македонија по ова прашање мора да ја свитка кичмата, бидејќи во спротивно нема да влеземе во НАТО“, потсетува Даштевски за Спутник.

 

[/kopa_block_quote]

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Она што во моментот е проблем за Заев, наведува Даштевски за Спутник, е тоа што се промени политичката клима. Како што тврди, поголемиот дел од населението, па дури и гласачите на неговата партија, не сакаат промена на името „Република Македонија“. Доколку сепак сака да го спроведе тоа, ќе му биде потребна помош, бидејќи нема да може тоа да го изведе сам, бидејќи во тоа не го поддржуваат дури ниту сите Албанци. За такво нешто нема да има ниту поддршка од најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ, која всушност и победи на неодамнешните вонредни парламентарни избори. Ако гласачите на ВМРО и самата партија решат, додава професорот Даштевски, да го бојкотираат референдумот кој Заев има намера да го распише за промена на името на државата – тоа може и да не успее.

„Така да референдумот ќе пропадне и затоа е потребно да се створи притисок од страна на Американците, референдумот да помина и да се промени името на државата. Тоа е спротивно на вољата на граѓаните на Македонија“, истакнува соговорникот за Спутник, професорот Александар Даштевски.

[/kopa_block_quote]
Допис до редакцијата на Спутник

Тој потсетува дека сето ова е дел од планот на Зоран Заев „3-6-9“, кој не зависи ниту од самиот Заев, бидејќи тоа, како што тврди, е регионален план кој со кој треба да биде примен целиот регион во наредните години. Тој план веќе се реализира, а за тоа говори и фактот дека договорот помеѓу Македонија и Бугарија за добрососедски односи го поздрави и Стејт департментот, бидејќи тој инаку не е пракса, за споредни билатерални договори да се поздравуваат од така високо место.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Тоа за Западот е важно прашање и тоа ќе се одвива во тие фази по планот ‘3-6-9’, според кој треба да се влезе во НАТО под името БЈРМ, по што би се променило името, или прво да се промени името на државата, потоа да се влезе во НАТО“, објаснува тој.

 

[/kopa_block_quote]

Политологот и правник од Скопје, Сотир Костов вели дека не е изненаден со ништо, бидејќи разбира дека мисјиата е Македонија по било која цена да се воведе во НАТО. Тоа што Заев тврди дека немало разговори за промена на името со вториот човек на Америка соговорникот за Спутник го коментра со овие зброови:

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Секога тие прво даваат соопштение дека не е така, демантираат…Ние велиме изјавата се дава изутрина, демантот околу пладне, а навечер се докажува дека сето тоа било вистина. Јас не се сомневам дека тоа е вистина, и јас како граѓанин на оваа држава се противам на тоа бидеќи тој нема мандат од граѓаните на Македонија ниту право воопшто да разговара за промена на името на нашата држава, а камо ли да го менува“, напоменува Костов за Спутник.

 

[/kopa_block_quote]

И тој потсетува дека Заев не е победник на изборите во Македонија и дека победи друга партија. Единствената причина поради која тој се наоѓа на местото на кое што е, е затоа што повеќе им понуди на албанските партии.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Планот, наречен „3-6-9“ всушност е план за итни реформи кои се прв чекор за „сериозно пробивање на Македонија кон евроатлантските интеграции“. Тој предвидува што треба да биде направено во наредните три, шест и девет месеци за Македонија „да тргне напред“. Три месеци би требало да се заокружат првите реформи, меѓу кои и референдум за промена на името, па до одржувањето на локалните избори (во октомври) како би била обезбедена аргументација Европската комисија да отстапи од условувањата за препорака за почеток на пристапните преговори. Во рок од половина година би требало да биде заокружен реформрскиот круг, односно Советот на ЕУ на Македонија во декември да и каже дека има сериозен напредок во повеќе области кои ќе ја зацврстат перцепцијата дека таа е сериозен кандидат за прием во ЕУ. По планот „3-6-9“, за девет месеци би се применил и третиот круг реформи, за да до следниот Извештај на Европската комисија за Македонија, земјите членки на Унијата би можеле да ја упатат на дискусија за утврдување за датум на почеток на пристапни преговори.

 

[/kopa_block_quote]

Колку за потсетување, Зоран Заев вчера на Самитот во Подгорица, позади затворени врати му го претставил планот за промена на името Македонија на потпретседателот на САД Мајкл Пенс. Оваа информација Спутник ја добиле од извор близок до македонската делегација која претстојувала во Подгорица. Од кабинетот на Зоран Заев во изјава за Танјуг наведуваат дека веста не е точна и дека „се што е разговарано со потретседателот Пенс објавено е официјално (на сајтот на владата)“.

На официјалниот сајт на македонската влада инаку пишува дека Заев во Подгорица имал билатерална средба со потпретседателот на САД Мајкл Пенс, кој, како што се наведува, рекол дека Македонија може да смета на поддршката од САД, како и дека тие ја поддржуваат политиката на владата и напорите на Македонија за членство во НАТО.

Заев пред Пенс изнел неколку предлози за ново име на Македонија, па Република Македонија во иднина би можела да се нарекува „Горна Македонија“, „Северна Македонија“, или „Република Македонија (Скопје)“.

 

Sputnik
Бранкица Ристиќ

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This