Изpeалски авиoни го напaднaа Хaмaс по прoтеcтите: Пет лица се пoвpeдeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелски авиони утрово нападнаа цел на Хамас во Појасот Газа по синоќешните протести на Палестинците долж границата.

Во соопштението на израелската армија се наведува дека бомбардирањето е поради пуштањето на запаливи балони од страна на Хамас, што вчера поредизвикаа два пожара во јужниот дел на Израел.

– Ќе дејствуваме во Газа согласно нашите интереси, изјави израелскиот премиер Нафтали Бенет на крајот од неговата посета на САД, при што се сретна и со американскиот претседател Џо Бајден.

Во синоќешните протести на границата помеѓу Појасот Газа и Израел повредени се петмина Палестинци. Стотици Палестинци синоќа протестираа на границата поради израелската блокада на Појасот Газа, фрлајќи запаливи средства на што израелската армија одговори со боева муниција.

Според организаторите тоа е прв од низата ноќни протести, што е предвидено да траат цела недела со цел да се зголеми притисокот врз Израел да ги ублажи економските санкции кон Појасот Газа.

Израел и Египет воведоа блокада кон Појасот Газа откако исламскиот екстремистички Хамас, кој повикува на уништување на Израел, насилно ја презеде контролата врз Појасот Газа во 2007 година од поумерениот ривал Фатах, откако победи на палестинските избори.

Од 2007 година досега имаше четири конфликти помеѓу Хамас и Израел. Израел тврди дека блокадата е неопходна за да се спречи вооружувањето на Хамас, а Египет се обидува да посредува во воспоставување долгорочен прекин на огнот со цел да се олесни блокадата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This