April 24, 2024, 11:39 pm

Изpeчeни мepки зa диpeктopoт нa ocнoвнoтo yчилиштe ,,Лазо Ангеловски’’ – Boнeмиpyвaл и ѝ ce зakaнyвaл нa вpaбoтeнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постоење на насилство од страна на директорот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кон вработена во истото училиште, утврди Граѓанскиот суд во Скопје, информираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права и коалиција „Маргини“.

Како што додаваат од таму пресудата е резултат на тригодишната борба на вработената преку нејзиниот полномошник, адвокатката Марта Гусар.

Коалиција „Маргини“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2019 објавија извештај во кој побараа институциите да го истражат проблематичното однесување на директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“.

Во извештајот беше побарано: надлежните институции, особено Министерството за образование и наука и Општина Аеродром да ги испитаат индициите и да постапат според истите, имајќи го предвид најдобриот интерес на детето и водејќи се од начелото дека заштитата и превенцијата од родово заснованото насилство и насилството врз жени и девојки треба да биде императив во образовниот процес.

„Сепак, и покрај сите укажувања, директорот сѐ уште е на својата позиција во училиштето, а вработената во текот на оваа година добила отказ“, објаснуваат двете организации.

Вработената во ова училиште, после сите обиди да ги заштити нејзините права на 25 февруари годинава преку адвокатката Марта Гусар, до Основен Граѓански суд Скопје, поднела Предлог за изрекување на времени мерки за заштита од родово базирано насилство – домашно насилство, поддржано и од страна на ЈУМЦСР на Град Скопје со предлог за изрекување на времени мерки за заштита, против директорот Перо Арсеновски од Скопје.

„По спроведување на судска постапка од страна на судот констатирано е постоење на насилство од страна на Перо Арсеновски со што изрешени се времени мерки за заштита од семејно – домашно насилство, како спрема вработената, така и спрема членовите на нејзиното семејство и двете малолетни деца кои впрочем се ученици во истото училиште.

Изречени мерки:

1. Му се забранува на Перо Арсеновски да се заканува дека ќе стори семејно насилство;

2. Му се забранува на Перо Арсеновски да ја малтретира, вознемирува и да врши семејно насилство врз неа;

3. Му се забранува да ја вознемирува и телефонира;

4. Му се забранува да ги вознемирува членовите на нејзинот семејство, и двете малолетни деца“, се наведува во соопштението.

Времените мерки се изречени во времетраење од 6 месеци, започнувајчи заклучно од 2 септември годинава, а жалабата не го одлага извршувањето на ова решение.

Коалиција „Маргини“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права ја поздравуваат оваа одлука на Граѓанскиот суд во Скопје и ги потсетуваат институциите, особено локалната власт, дека образовните институции и средини не смеат да го толерираат, игнорираат, а уште повеќе поддржуваат родово заснованото насилство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This