Илиевски: Вистината за 27 април пpoби како шилo, обвинeниeто и пpeсудата се базираат на клучен сведок кој даде четири различни изјави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистината за 27 април проби како шило, обвинението и пресудата се базираат на клучен сведок кој даде 4 изјави кои се разликуваат една со друга, вели Богдан Илиевски за „Филибастер“ на радио Лидер, кој додаде дека обвинителниот акт е пресликан од прес конференција која СДСМ ја одржа на 29 април.

-Станавме терористи на 29 април 2017 година кога тогашниот портпарол на СДСМ, сегашен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов го соопшти делото кое на магичен начин, таа негова прес конференција се преточи во обвинителен предлог и акт. Еден сведок со 4 различни верзии на настаните и тоа клучен сведок цитиран во пресудата, а според негова изјава се темели и вториот случај за т.н. организатори. Јавноста дозна дека има четири различни верзии кои се разликуваат, вели Илиевски.

Тој истакна дека требало да поминат 4 години за да успеат да ја презентираат и нивната страна на на случувањата и дека народот не остана нем и глув на фактите дека на 27 април немало смислено терористичко загрозување на уставниот поредок на Република Македонија. Казните се драконски и затоа луѓето да побараа правда за неправедно осудените и затоа излезе да протестира и да бара правда за неправедно осудените.

-Вчера имавме преубав собир на искрени и чесни граѓани кои ја оживеаја енергијата која ја ширеше Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во сите оние 60 дена пред немилите настани на 27 април. Она што го имам како комплетен впечаток е дека никако не може да стане збор за некакво терористичко загрозување на уставниот поредок, поради што членот 313 од Кривичниот законик кажува дека тука треба да постои предумисла, план. Иронија е дека соо 90% од сите се запознавме на денот на апсењето. Овој мој впечаток беше потврден вчера, нагласи Илиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This