Илиевски за Нинџа: Не ми е чудно што на секое рочиште по 15 души ги нeгираат лагите на дежурниот сведок и ВиРус-от

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коментирајќи го денешното рочиште за 27 април, каде повторно беше побиена уште една лага од омилениот сведок на обвинителката Вилма Русковска, Александар Василевски Нинџа, Богдан Илиевски вели:

Единствениот дежурен сведок на ВиРус има ТРИ ВЕРЗИИ за тоа кого гледал во ВМРО демек на пари земање: 1. Сите четворица 2. Сите освен Дурло (март 2019) 3. Сите освен Владо (значи повторно се присеќава на Дурло откако станува носител на ВМРО). Ова се факти, ова е запишано и потпишано. Па затоа мене не ми е чудно што на секое рочиште по 15 души ги негираат лагите на дежурниот сведок и ВиРус-от. И мислам дека на се помалку и помалку луѓе тоа им е чудно.
фор д рекорд, Нинџа дознав како изгледа додека бев во куќен притвор во Охрид и на вести видов прилог дека се предал на ОЈО (подоцна дознавме дела тоа било со намера да стане заштитен сведок, но на крај се задоволи со казна под минималната). Значи не знаев како изгледа воопшто, но дознав и тогаш и на судењето – како лажго.
И врз негови зборови е создадено целото обвинение за овие случаи, а речиси и половина од пресудата на 211 години затвор, неправедно осудувајќи луѓе за дело кое не постои. Ама еѕе, сега нема име за менување, па шансите за правда се даааалеку поголеми, вели Илиевски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This