April 23, 2024, 11:04 am

ИЛИЕВСКИ: Остануваме на улица до конечно прифаќање на нашите барања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера бевме пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска пред штабот на СДСМ,за ги потсетиме за историската улога која што ја имаат во моментов, изјави еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија.

za-zaednicka-makedonija-5-640x360

-Ние остануваме на улица до конечното прифаќање на нашите барања, сите политички субјекти да ја отфрлат тиранската платформа, затоа вчера бевме пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска сме пред штабот на СДСМ, да ги потсетиме на историската улога што ја имаат во овие моменти, да не дозволат избор на претседател во Собранието, кој што нема да ја осуди оваа срамна платформа изготвена во нашето соседство, која што ја става Македонија на патот на промена на суштината на она што е, нејзино редифинирање, односно крајца цел нејзина федерализација, изјави Илиевски.

bogdan-ilievski-11-640x351

Илиевски говореше и за Тврдокорни, кои утре во исто време ќе имаат протест во паркот Жена борец.

-Ние сме две различни групи, сакаме да веруваме дека имаме повеќе сличности отколку разлики, имаме различни методи на функционирање, нашите протести 30 дена се мирни, достоинствени, со огромна позитивна енергија меѓу граѓаните кои што излегле на улица. Во таа насока ги охрабруваме не само Тврдокорни, туку било кои други групи, кои што сакаат да излезат, во ред е тоа да го прават достоинствено, чесно, мирно, да не дозволи никој од нив да биде изманипулиран од било кого, за да не го наруши имиџот и енергијата за сплотенот меѓу граѓаните кои што се за заедничка Македонија. Победите започнаа да доаѓаат и ќе доаѓаат, порача Илиевски

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This