April 25, 2024, 12:26 am

ИЛИЕВСКИ: Претседателот Иванов не е човек со свиткана кичма

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ѓорѓе Иванов знае дека тука, во Македонија, иако гостинот е добредојден, мора да го почитува куќниот ред во нашата куќа. Ѓорѓе Иванов не е човек со ропски менталитет и ситен малодушен трговец со светите идеали и националните интереси за да оствари свои комплекси и психопатолошки состојби, црпнувања од умот и алашвериши со ѓаволот за да биде крал еден ден. Не дечки. И стари и млади и другари и другарки, напиша Богдан Илиевски, еден од организаторите на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

bogdan-ilievski-6-640x328

Во продолжение следува интегрален текст од Фејсбук статусот на Илиевски.

“Претседателот нема да оствари средба со еврокомесарот Хан. Oд Кабинетот велат дека претседателот Иванов предвидениот термин им го отстапува на претставниците од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои бараа средба со Хан. Добро е еврокомесарот да се запознае со аргументите и причините поради кои македонските граѓани протестираат повеќе од дваесетина дена, велат од Кабинетот на Иванов.“

Ова не е човек со свиткана кичма, ова не е човек кој има „позитивен аспект“ кон платформа направена во туѓа држава чија крајна цел е крај на државата која ја имаме, знаеме и сакаме. Ѓорѓе Иванов не е таков човек. Никогаш не ни бил. И затоа им бил трн во око на свитканите лажови и апаши.

ОВА Е СУВЕРЕНИТЕТ. Ова е човек кој знае кој е домаќин во Република Македонија, а кој е гостин. Знае кој треба да се слуша во оваа земја, а кој е бирократ од чии посети треперат само навлажнетите колена на ропските чеда какви во оваа земја секогаш ги имало. Но секогаш имало и такви за кои ваквите посети се само едно трепкање во нашето постоење, долго пред и после нив.

Ѓорѓе Иванов знае дека тука, во Македонија, иако гостинот е добредојден, мора да го почитува куќниот ред во нашата куќа. Ѓорѓе Иванов не е човек со ропски менталитет и ситен малодушен трговец со светите идеали и националните интереси за да оствари свои комплекси и психопатолошки состојби, црпнувања од умот и алашвериши со ѓаволот за да биде крал еден ден. Не дечки. И стари и млади и другари и другарки.

Ѓорѓе Иванов не е шибицар и ситен лажов, селски итрец и лопов со телешки налудничав поглед од кого не би купиле ни половен автомобил, или би ја одбегнале неговата тезга на пазар бидејќи знаете дека ќе ви утрпа црвосано јаболко, како што сака да ги утрпа платформите.

Ѓорѓе Иванов е Претседател на Република Македонија.
Браво Претседателе!

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This