Илиевски: Успесите од државно ги носиме на локално ниво, да вложуваме во Куманово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Нашата цел е да го пренесеме успехот од централно на локално ниво. Да вложуваме во Куманово со политики кои од Куманово ќе направат метропола. Голем град сме, со значајна географска местоположба – дајте ја поддршката за најдоброто. Ова вечерва го порача кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Општина Куманово Оливер Илиевски.
Илиевски вети градинки, детски катчиња, мултифункционални игралишта, инфраструктура, гасификација за домаќинства и индустриска зона, чиста животна средина, канализација и водовод за рурални средини, модерен плоштад со подземни сообраќајници, паркиралиште, модерно шеталиште.
– Неслучајно кумановци 30 години му ја даваат довербата на СДСМ. На 17 октомври ве повикувам да ја продолжиме традицијата и да инвестираме во иднината. Заокружете го бројот 12 – СДСМ го има најдоброто за Куманово. Најдоброто доаѓа во Куманово, повика Илиевски.

Тој пред граѓаните искажа подготовеност да воведе нов менаџмент во градот, со добро управување да обезбеди квалитетни и одржливи системски решенија. Уште еднаш, како што рече, да им речеме не на режимот, егзибиционизмот, поткупот…
-Одлучуваме дали и понатаму ќе бидеме жртви на нечии изговори или ќе си дадеме шанса да ја реализираме најдобрата програма за трансформација на еден град, рече Илиевски.
Носителката на советничката листа Атина Мургашанска кажа дека кумановци уште еднаш ќе испишат голема победа за СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This