April 19, 2024, 11:07 am

ИЛИОСКИ: Обидот да се престави оваа влада како реформска е очаен обид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ,  Зоран Илиоски на денешната собраниеска седница истакна дека за една влада да биде реформска мора да биде предводена од човек кој има авторитет, кредибилитет и поддршка од народот.

zoran-ilioski-640x360

-Дури и обидот да се престави оваа влада како реформска според мене е очаен обид. За да една влдата добие легитимитет дека е реформска треба пред се да биде предводена од човек кој што има авторитет, кредибилитет, да има поддршка од народот на избори и пред се да важи за човек кој што во својот живот е чесен и работлив. За господниот Зоран Заев тешко ќе може да најдеме зборови кои што ќе ги оправдаат овие каректеристики, имено за авторитет и кредибилитет, треба да биде човек кој што се држи за својот збор, човек кој што еднаш ќе каже нешто и ќе остане на тоа, истакна Илиоски.

Тој додаде дека Зоран Заев неколку пати ги менува своите ставови и изјави во однос на Тиранската Платформа која што еднаш беше прифатена па потоа отфрлена.

-Прв пат во историјата на Република Македонија се бара мандатарот да потпише гаранции дека ќе ги брани унитарноста, државните интереси и така натаму. Работа и документ кој според мое мислење ќе биде голем терет за оваа влада, бидејќи нормално ќе треба да се држи до овој документ и тоа да го почитува. Искрено поскаувам тоа да биде почитувано. Исто така кога сме веќе кај карактеристиките и доблестите на мандатарот би сакал да напоменам дека нашиот иден премиер на својата глава има две помилувања и судснка постапка, додаде тој.

Илиоски потенцираше дека на крајот мандатарот Заев ги изгуби последните парламнетарни избори и нема доверба од мнозинстово граѓани во Република Макеоднија и додаде дека таа тежина оваа влада ќе мора да ја поднесе.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This