April 23, 2024, 10:16 pm

Илир Мета не ја признава одлуката за неговото разрешување, убеден е дека останува на функција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот претседател Илир Мета, кому парламентот му изгласа недоверба, рече дека не ја признава одлуката и дека за неговиот мандат ќе одлучува Уставниот суд и дека е убеден дека ќе остане на претседателската функција до 24 јули следната година.

За него, вели тој, е несфатлив „очајничкиот чин на долго распуштеното Собрание“.

„Само Уставот на Републиката ми е важен и овие работи не влијаат врз мене“, рече Мета, кој повторно се залага за дијалог, така што, како што рече, процесите во земјата може да бидат ставени под контрола.

На прашањето што ќе се случи ако биде разрешен според Уставот, Мета повика на трпеливост.

„Бидете трпеливи до 24 јули следната година, ние ќе бидеме тука континуирано. Во овој момент нема да бидеме многу интензивни, бидејќи ќе оставиме време да го завршиме процесот на изборната жалба. Со почетокот на новата сезона ќе бидеме многу активни и многу опуштени“, изјави Мета за албанскиот портал Балканвеб.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This