ИЛИЈА ДИМОВСКИ: Во Источна Македонија и во иднина ќе се отвараат нови работни места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пораката од граѓаните во Виница е дека е потребно обединување на македонскиот народ, на сите што живеат во Република Македонија, на Турци, на Власи, на Роми, Бошњаци, Срби и Албанци, но обединување кое зад себе ќе има една програма, тоа е стабилност на државата и економски развој, Илија Димовски, висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

ilija2

-Граѓаните на Виница како и на цела источна Македонија бараат нови инвестиции, нови фабрики, нови индустриски зони и нови работни места. Среќни сме што Виница е добар пример, во градот е зголемен бројот на вработени лица со над 1600 луѓе во споредба со минатото. Во Виница денеска работат пет нови странски компании, кои што своето производство го имаат донесено во Виница, но и поголем број на домашни компании како последица на развојот на економската состојба.  Има проблеми како и секаде во Македонија, но патеката по која се движи Виница е правилна патека, ние имаме намера и во наредниот период преку директни поддршки од страна на владата да донесеме што е можно повеќе фабрики и во Виница и во Кочани и во Штип, Берово, во Македонска Каменица, како и во цела источна Македонија, потенцираше Димовски.

ilija

Тој изјави и дека носењето на нови работни места е единствениот начин како да се зголеми вработеноста, стандардот на граѓаните, платите и како да ги задржиме младите луѓе во овој дел од Македонија. Нема друга филозофија,  нема друга политичка понуда која што е различна од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата за подобра Македонија, а досега во историјата оваа програма се покажала успешна вели тој.

ilija1

-Сме гледале и други влади, сме гледале и други политичари кои што сега ветуваат разни работи, но само оваа политичка структура досега покажале дека можат да орвара фабрики и во далечниот исток од Македонија, може да поддржи и домашни фабрики и може да работат на проекти кои што значат инфраструктурно поврзување на овој дел од Македонија со главниот град. Во тек е изградба на автопатот, а многу наскоро ќе започне и изградба на експресен пат до Кочани, се реконструираат голем број на патишта и се создаваат услови во секое населено место во Република Македонија да биде пристојно место за живеење, да има работа за младите луѓе и да расте стандардот на граѓаните, истакна Димовски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This