ИЛИЈА ДИМОВСКИ ДО ДИМИТРОВ: Дали потпишувањето на договорот со Бугарија, ќе значи дека Илинденското востание е македонско или е бугарско востание или е заедничко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Јас би предложил заклучок кој што ќе треба да го донесе оваа комисија со кој што по ваша одлука дали на отворена или затворена седница на комисијата, комисијата би разгледала нацрт на овој документ. Со ова би биле во можност да го разгледаме тој нацрт договор пред да биде склучен. Верувајте дека има многу граѓани на Република Македонија кои што преку нас сакаат да ве прашаат вас и господинот Заев, на пример дали потпишувањето на тој договор ќе значи дека Илинденското востание е македонско или е бугарско востание или е заедничко.

Јас би ве потсетил дека политиката за влез во НАТО не е нова и не е на оваа Влада туку тоа беше политика и на предходната Влада и ние исто така кажувавме дека Македонија има право на членство во ЕУ и НАТО со привремената референца, нагласи денес пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на Комисијата за надворешна политика на кој за досега сработенотот излагање даваше министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Димовски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи грешките во надворешната политика да се прикриваат со консензус на кој што се повикува министерот Димитров и  дека ќе се залага да го има помеѓу политичките партии.

-Повикот до опозицијата е коректен, ние го прифаќаме, но нема да дозволиме тој повик за соработка во делот од надворешната политика да биде покритие за евентуални грешки за кои што ние укажуваме. Но тука вие ја водите играта и вие го водите чекорот. Доколку податете рака, ќе добиете рака. Доколку ја подавате раката само за да покриете некои одредени грешки во надворешната политика, тогаш извините, но ќе има проблем. Ние апсолутно ќе ве поддржиме на решавање на проблемите со нашите соседи, но тоа не смее да биде на штета на нашиот идентитет, уставното име и нашиот јазик, додаде Димовски.

18 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This