April 19, 2024, 12:51 am

Илија Димовски: Зa oпштинcкитe дoлгoви, кaфaнcкитe cмeтки и лaгитe нa СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во моментов долгот на општините изнесува 3.832 милјарди денари. Новонастанатиот долг во овој мандат на градоначалници (скоро сите од СДСМ и ДУИ) е 1.866 милјарди денари. Не само што не направија ништо, туку ги задолжија граѓаните со нови 1.866 милјарди денари долг само на општинско ниво, вели поранешниот пратеник Илија Димовски, во анализа на општинските долгови објавена на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Во продолжение целосната објава на Димовски:

Општински долгови, заборавени граѓани, кафански сметки и лаги на СДСМ.

СДСМ се фали дека платиле 50 милиони евра за отплата на долговите на Општините во Македонија и со тоа им помогнале на граѓаните…

Ај да видиме колку бил долгот, кои општини го направиле долгот (а со тоа и кои градоначалници и партии), а и колку е сега долгот…

1. Општина Струмица должела 114 милиони денари
2. Општина Тетово должела 672 милиони денари
3. Општина Куманово должела 175 милиони денари
4. Општина Струга должела 243 милиони денари
5. Општина Дебар должела 109 милиони денари
6. Општина Чаир должела 93 милиони денари
7. Општина Кичево должела 107 милиони денари
8. Општина Карпош должела 476 милиони денари
9. Општина Охрид должела 971 милиони денари
10. Општина Студеничани должела 57 милиони денари
11. Општина Брвеница должела 70 милиони денари

Во овие 11 Општини во последните 5 мандати (55 пати мандати) скоро континуирано градоначалници биле од СДСМ, ДУИ, ДПА…Од ВМРО-ДПМНЕ има само двајца кои биле по еден мандат градоначалници во две од овие Општините… Вкупниот долг на овие 11 општини (од вкупно 84 во Македонија) изнесувал 3, 087 милијарди денари… Долгот на сите општини во Република Македонија изнесувал вкупно 4,998 милијарди денари…

Омилените 11 општини на СДСМ, ДУИ, ДПА (владините партнери) каде што и скоро континуирано се власт е 62% од вкупниот долг на сите 84 општини во Македонија…

11 општини 62% од вкупниот долг…
73 општини 38% од вкупниот долг…

Најголемиот дел од долгот го имаат направено градоначалници од СДСМ и ДУИ… Отплата на долгот е отплата на веќе реализирани побарувања (до 2018 година), а не за било какви нови или проекти во тек… Ниту еден денар од овие средства не е искористен за проекти во овие 4 години…

Вкупниот долг на општините во 2018 година изнесувал 4,998 милјарди денари…
Во 2018 година на општините им беа префрлени од државниот буџет 3,032 милјарди денари… (само заради немање капитални проекти на централната Влада и недостаток на идеи за корисни и позитивни пласмани на овие средства)..

Во моментов долгот на општините изнесува 3,832 милјарди денари…

Односно, новонастанат долг во овој мандат на градоначалници (скоро сите од СДСМ и ДУИ) е 1,866 милјарди денари…
Не само што не направија ништо, туку ги задолжија граѓаните со нови 1,866 милјарди денари долг само на општинско ниво…

П.С. Град Скопје е сега за 8,5 пати повеќе задолжен од пред 4 години…

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This