ИЛИЈА ДИМОВСКИ СО ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЗАЕВ И ТЕВДОВСКИ: Недозволиво е да се игнорираат 454.577 граѓани, застапени од 51 пратеник во Собранието!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Илија Димовски во име на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“ испрати отворено писмо до премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски.

-Во име на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“, остро реагирам на неприфаќањето на ниту еден единствен амандман поднесен од нас за рабалансот на буџетот од страна на министерот за финансии Драган Тевдовски, како и од парламентарното мнозинство на СДСМ. Влада што не е спремна да прифати ниту еден туѓ предлог, докажува дека нема демократски капацитет. Пратениците од Коалицијата која што имаше најголем број на гласови на последните парламентарни избори, поднесоа во прва фаза 706 амандмани, а во втора фаза 89 амандмани кои се реални и произлегуваат од барањата и потребите на граѓаните. Во овие амандмани имаше предвидено средства за крупни стратешки проекти, како и средства неаменети за решавање на голем број на локални проблеми на граѓаните низ цела Македонија, стои во отвореното писмо.

Несериозно и недозволиво е Владата, се додава, Министерството за финансии и парламентарното мнозинство да ги игнорираат потребите и проблемите на 454.577 граѓани на Република Македонија, застапувани од 51 пратеник во Собранието на Република Македонија.

-Убедени сме дека овие амандмани беа добра основна за квалитетна и конструктивна расправа на Комисијата за финансирање и буџети и сметаме дека барем дел од овие амандмани требаше и можеше  да се прифатат во интерес на граѓаните на Република Македонија. Ветувавте инклузивност и соработка, а не прифативте ниту еден амандман од 58 опозициони пратеници, од кои 51 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ и од 7 пратеници од останатите опозициони партии во Собранието на Република Македонија. На таков начин покажавте и докажавте дека подадената рака за соработка која што ја најавувавте и баравте е само флоскула и ништо повеќе, вели Димовски во отвореното писмо до Заев и Тевдовски.

Потенцираше и најави дека доколку и понатаму продолжи ваквиот игнорантски однос од страна на Владата на Република Македонија и на тесното парламентарно мнозинство кон опозицијата, опозицијата ќе одговори соодветно искористувајќи ги сите демократски и деловнички можности во Собранието на Република Македонија.

-Доколку пратениците од власта молчат и работат искучиво во интерес на Владата на Република Македонија, опозиционите пратеници се спремни со работа, предлози, иницијативи и критика спрема вас да работат во интерес на граѓаните и во интерес на Република Македонија. Ваквиот начин на кој што почна да функционира оваа Владата спрема Собранието на Република Македонија не е добар и истиот треба да се промени, додека е време. Дополнителни сакаме да нагласиме и уште еднаш да ви укажеме дека економските проценки, економските политики и очекувања што ги најавувате и започнавте да ги спроведувате не се добри и нема да донесат резултати. Овие економски политики ќе претставуваат основа за стагнација на македонската економија, ќе се намалат странските диреткни инвестиции, ќе се намали растот и развојот на економијата и нема да се отвораат нови работни места, како во изминатите години.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This