ИЛИ ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ФОРМИРА ВЛАДА: Или повторно ќе одиме на нови предвремени парламентарни избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот Устав не предвидува дека доколку мандатарот не успее да формира влада – мандатот му се дава на второпласираниот на изборите, анализираат експертите по Уставно право.

gruevski_hodnik

Професорката Тања Каракамишева – Јовановска, од Институтот за уставно право и политички систем, вели дека оние кои зацртуваат „втор мандатар“ всушност проповедаат флагрантно кршење на највисокиот правен акт во државата.
– Ако и по истекот на рокот од 20 дена, мандатарот не успее да состави влада, истиот треба да го врати на претседателот на Републиката, а тој повторно да му го довери на истиот мандатар. Со ваквата позиција Уставот не оставил простор да се заобиколи изборниот победник. Токму затоа во Уставот не е регулирана резервна постапка или резервен мандатар кој би се определил ако првиот мандатар не успее да состави влада во рокот од 20 дена – вели професорката во изјава за “Вечер“.

Каракамишева додава дека ваквото решение доаѓа од членот 90 од Уставот на Република Македонија кој е јасен:

Ustav-clen-90

-Претседателот на РМ е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Професорката толкува дека во овој, како и во ниту еден нареден член од Уставот не е уредено што во случај ако мандатарот не успее да состави влада во уставно утврдениот рок од 20 дена, што значи освен Груевски, во дадениот случај, во Македонија не може да има друг мандатар. Според Каракамишева, со ова јасно може да се види намерата на уставотворецот дека во државата можеме да имаме само еден изборен победник, и имаме само еден мандатар.

– За жал, во РМ еднаш ни се случи противуставно формирање влада кога тогашниот претседател на РМ, Киро Глигоров, го прекрши Уставот со доделувањето на мандатот за состав на влада на Бранко Црвенковски кого практично противуставно го назначи за мандатар. Оваа противуставна пракса не смее да биде повторена од страна на претседателот Ѓорге Иванов – анализира Каракамишева Јовановска.

Експертите по Уставно право се концизни и дека доколку мандатот на крај остане нереализиран во фиоката на претседателот Иванов, тогаш собранието со 61 пратенички глас „за“ треба да се самораспушти и со тоа да се распишат нови избори во рокот кој е законски предвиден.

Ахмети: Сите опции се отворени, можни се и нови избори

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети прв се огласи околу можните коалициони комбинаторики. Во интервју за македонската телевизија на албански јазик ТВ 21 тој истакна дека неговата партија отвора преговори со ВМРО-ДПМНЕ.

-Логично е ДУИ да ги отвори преговорите за формирање на нова влада со победничката партија на последните предвремени парламентарни избори – рече Ахмети одговарајќи на прашањето „Дали е можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ?“.

Сепак, Ахмети додаде дека нема да влезе во влада со партија која не ја прифаќа платформата на албанските партии која ја потпишаа ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во интервју за еден дневен весник, истакна дека за него оваа платформа е неприфатлива и дека попрво ВМРО-ДПМНЕ би отишле во опозиција отколку да прифатат ваква агенда.

Во исто време, Ахмети во интервјуто за ТВ 21 ја отфрли и фрлената ракавица од СДСМ, кои иако немаат уставна можност да го добијат мандатот, се понудија да формираат влада заедно со сите албански партии.

-СДСМ не е победничка партија на изборите и кој ни гарантира нам за тоа колку ќе има стабилна ситуација. Секоја избрзана одлука може да предизвика последици. Не брзаме никаде, туку 99 пати ќе размислиме, а 100-от ќе пресечеме. За да донесеме одлука ќе ги анализираме придобивките и последиците со ВМРО-ДПМНЕ, придобивките и последиците со СДСМ, придобивките и последиците со проширена влада. Во вакви околности ДУИ одлучи да ја разгледа можноста и да прејде во опозиција, во многу специфични околности, со големи последици, нагласи Ахмети.

Според професорката Тања Каракамишева Јовановска и во случај да се формира Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, таа ќе биде на стаклени нозе.

-Ако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одлучат да формираат Влада, со или без уште еден коалиционен партнер, новата Влада би била изгласана со доверба од 61 или 63 пратеника што на подолг рок не се доволни за обезбедување ефикасна и непречена работа на Владата во полн капацитет. Со парламентарно мнозинство од 61 или 63 пратеника оваа Влада, како и Собранието мака ќе мачат да предлагаат односно да носат бројни закони. За системски закони, или измени на системските закони не може да стане ни збор, освен ако не се постигне договор со опозицијата за нивна поддршка што е тешко да се поверува ако се има предвид досегашното функционирање на парламентарната демократија во земјата – истакна за „Вечер“ Каракамишева.

Професорката по Уставно право, која во исто време долги години ги набљудува политичките случувања во земјата, исто така оценува дека на крајот единствено решение од целата ситуација се нови предвремени парламентарни избори, затоа што распоредот на пратеници не нуди стабилност на долг рок.

-Нови избори најверојатно и ќе се случат откако многу од работите на политичката сцена излегоа на површина и станаа јасни. Уште една ваква политичка измама во земјата каква што ја доживеавме 2016 година на изборен и на политички план со сигурност нема да ни се случи – ни рече професорката.

Коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ бараат стабилна влада и внимателен пристап кон барањата на ДУИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, придружен од раководството на партијата завчера оствари средба со коалициските партнери, со кои се коваше стратегија за постизборна коалиција. По средбата, пратеникот Илија Димовски го соопшти ставот дека треба да се постапува внимателно со барањата на ДУИ.

– Доколку ме прашувате во врска со позициите на ДУИ, би сакал да кажам дека ние ги соопштивме нашите ставови преку интервјуто на претседателот Никола Груевски. На денешната средба видливо беше негодувањето, посебно од страна на претставниците на политичките партии кои ги претставуваат помалите етнички заедници, рече Димовски.

На средбата биле различни согледувања потенцирани од страна на претставниците на политичките партии и биле давани различни идеи како од тука натаму треба Коалицијата да постапува, при што коалициските партнери несомнено го потврдиле целокупниот легитимитет и целокупната поддршка која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сега и како мандатар за состав на нова влада, ја има од целокупната Коалиција „За подобра Македонија“.

СДСМ ќе формирале влада – Гладна кокошка, просо сонува

Толкувањата на уставно-правните експерти целосно ја закопуваат и последната надеж дека СДСМ може да формира влада. Но, на Бихаќка очигледно се уште не се освестиле па иако во партиските кабинети седат „уставотворци“, партијата се уште го убедува своето членство дека откако Груевски немало да успее да формира влада – мандатот ќе дошол во рацете на Зоран Заев.

На состанокот на Извршниот одбор на СДСМ кој се одржа на почетокот од неделава, од партијата заклучиле дека и покрај тоа што изгубија на изборите тие биле победници и ќе формирале влада.

-Констатирано е дека ќе остане запаметено во политичката пракса, дека во Македонија е срушен режим без насилство, со пенкало и со глас. Ставот на Извршниот одбор на СДСМ е дека Македонија мора да добие влада на граѓаните на Република Македонија која ќе почне со решавање на нивните реални проблеми, соопштија од СДСМ по завршувањето на состанокот.

Во исто време, иако според официјалните резултати СДСМ освоија 436.981 глас на изборите, лидерот Зоран Заев продолжува со веселата математика дека имало 612.000 опозициски гласови во земјата – препишувајќи си ги себеси сите гласови што не отишле кај ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Вечер

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This