April 20, 2024, 12:59 pm

Или вakцина, или отkaз: Задолжителна вакцинација пpoтив ковид-19 за здрaвствените работници во Италија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите здравствени работници во Италија ќе мора да се вакцинираат против вирусот корона, или во спротивно ќе се соочат со суспензија од работа и губење на платата.

Воведувањето на задолжителна вакцинација за здравствените работници го објави италијанската влада, пренесува Ројтерс, проценувајќи дека станува збор за потенцијален контроверзен потег со цел да се заштитат загрозените пациенти и да се потисне расположението против вакцините во земјата.

Указот одобрен од кабинетот на премиерот Марио Драги вели дека здравствените работници, вклучително и фармацевтите, се „обврзани да се вакцинираат“, а оние што одбиваат би можеле да бидат суспендирани од работа без финансиски надомест до крајот на годината, јави Танјуг.

„Целта на мерката е да се заштити медицинскиот и немедицинскиот персонал што е можно повеќе, како и оние кои работат во средина каде што можат да се заразат“, се вели во соопштението на владата, додавајќи дека таквата одлука е донесена откако се појавија жаришта кај вработените кои одбија да бидат вакцинирани.

Регулативата исто така воведува правна заштита за луѓето кои даваат вакцини, мерка што ја бараа лекарите и медицинските сестри по случајот во кој некои лекари беа ставени под истрага за убиство по смртта на вакциниран човек на Сицилија.

Критичарите на владата се сомневаат во законитоста да се принудуваат само на одредени категории на население да примаат вакцина.

Досега во Италија се дадени околу 10 милиони дози на вакцини, а обете дози ги примиле околу 3,1 милиони луѓе постари од 60 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This