ИЛИ МАКЕДОНИЈА ИЛИ РАЗУЗНАВАЧКИТЕ СЛУЖБИ: Груевски од Кавадарци порача каква Македонија сакаме – суверена или протекторат на надворешни служби!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој од нас во животот се соочува со мигови кога се запрашува што направив јас и која беше мојата улога низ процесите кое времето ги вбројува како историски. Овие избори се таков историски миг кога со вашата одлука кажувате каква иднина посакувате и за себе но и за својата држава, и во каква Македонија сакате да живеете. Поделена, разнебитена, или суверена, економски силна, напредна. И еве кога се наоѓаме пред овој историски 11 декември многу работи се појасни, многу работи се разјаснија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во Кавадарци.
gruevski_kavadarci

-Коцките сами си се поклопија, и времето даде одговор на тоа зошто токму Заев беше човекот кој располагаше со илегално стекнати разговори, зошто толку упорно сакаше народот да се закрви, зошто беа напаѓања на полицијата, беше уништуван имотот на граѓаните, беше истуран гнев и омраза. Но и зошто Македонија беше втурната во толку силна политичка криза и кому државата му беше потребно да биде ослабена и поделена. Заев како на тацна почна отворено да испорачува, нарачува и заговара кантонизации, двојазичност рекомпонирање на државата. Но, за среќа народот гледа се и многу добро знае што се случува и каква е оваа игра, рече Груевски.

Тука јас нема да давам мој дополнителен коментар, рече Груевски, неговите изјави говорат се.

-Ќе потсетам интегрално на една неговата изјава дадена пред дијаспората во Швајцарија пред само една недела…,тогаш Заев изјави “Верувам дека оваа Македонија може да се стреми да стане Швајцарија (која инаку почитувани е поделена на кантони и егзистира како федерација) продолжувајќи и додавајќи. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја…што во основа драги мои би значело ништо друго туку рекомпонирање на државата, рече Груевски.

Ова е опасно сценарио, додаде Груевски, кое не случајно познавајќи ги сите негови човечки карактеристики, и неговото минато му е доделено на лицето Зоран Заев кој се користи како инструмент, а пак тој само за да се добере до власт, и секако по можност на било кој начин да не се соочи со народот кој многу добро го има проценето, во состојба е да се задружи и со црниот ѓавол ако треба само за да може да се дограби до неа.

-Ова се сериозни времиња, историски времиња но изборот е многу едноставен. Од една страна е Заев со кланот и со криминално разузнавачките структури од другата страна е Македонија! Вие знаете дека треба да ја одберете Македонија! А со тоа да се прати и порака дека не може да се инсталираат политичари во држави туку народот е тој што одлучува! Дали сакате 4 години со Заев и Шекеринска? Заев е 11 години на власт во Струмица, а Шекеринска е во политиката веќе 20 години. Тие се симбол на нестабилност деструкција и неработење. Со нив ќе добиете 4 години екперименти со Македонија, рече Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This