Или продади ја, или ќе си ја зeмeмe – нова pekeт шeмa во „Peплek“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не знам за вас, но јас со сигурност се чувствувам како да живеам во Њујорк. Да, сериозно. Се чувствувам како жител на Менхетен. На онаа населба наречена „Мала Италија“ во која живеат најголем број Италијани на едно место, од било кое друго во САД.

Не знам дали знаете, но Мала Италија на Менхетн е населба која освен најголема концентрација на Италијани, има и најголема концентрација на организиран криминал и италијанска мафија. Исто како во Македонија, која полека но сигурно се претвара Мало Муртино како пандан на американската Мала Италија. Уште да сме Њујорк.

Ако не сте сигурни зошто аналогијата на Мала Италија се аплицира врз Македонија, тогаш сигурно не го знаете и правилото „или продади ни го бизнисот, или ќе си го земеме без пари“. Така е и во Мало Муртино.

Случајот со фармацевтската компанија „Реплек“ можеби најдобро го отсликува аплицирањето на ова правило во Македонија, т.е. Мало Муртино.

Но, да ве воведам во приказната. 

Пред два дена на годишното акционерско собрание на „Реплек“ беше превземен првиот чекор кон превземање на компанијата, односно, обезвластување на досегашниот Управен одбор и генерален директор Иван Туџаров, преку неизгласување на заклучоците на Управниот и Надзорниот одбор. Во превод, неизгласувањето на овие два акти значи и замрзнување на менаџерските функции на веќе поставените раководители – или, вовед во превземање, во случајов, насилно превземање на компанијата.

Но зошто некој би се обидел да ја превзема „Реплек“ на начин на кој е недозволено со закон, и зошто претходно оној кој сега се обдиува да направи пуч во компанијата не се обидел преку легални преговори да ја превземе компанијата. Логично прашање, нели?

Одговорот е уште пологичен, ако го прочитавте воведот на текстот – правилото на Мала Италија, или во случајов Мало Муртино е повторно апликативен.

Она што се случува во „Реплек“ е крајниот резултат на она што сопствениците на управувачкиот пакет на акции го одбиле – не сакаат да продаваат.

И секако, примерот на Мала Италија не би бил целосен ако агент на мафијата не е во главна улога – во случајов, во главна улога се наоѓа Трајче Заев, братучед на премиерот Зоран Заев.

Што се случува?

Токму Трајче Заев е човекот кој во два наврати доставил понуда за купување на управувачки пакет во „Реплек“, и во двата наврати бил одбиен, за последниот, третиот пат да замине од комапнијата со пораката „не продаваш, ќе си ја земеме“. И тоа се случува, класично превземање на акционерско друштво преку индиректно влијание.

Ако некој се сомнева дека Заеви немаат зошто да влегуваат во вакви процедури, тогаш треба да знаете дека „Реплек“ е една од компаниите кои веќе имаат лиценца за производство на масло од канабис, извозна лиценца и регулирано производство. Трајче Заев пак е во бизнисот со одгледување на медицинска марихуана, но нема лиценца за поризводство на масло од канабис ниту пак има право да врши извоз.

Превземањето на „Реплек“ би значело целосно заокружување на нарко бизнисот на Заеви.

Инаку, да нотирам – Трајче Заев ги одби сите наши обиди да му поставиме прашања во врска со овој случај.

Веројатно, сега е јасно?

И тука некаде се одмотува клопчето околу неодамнешните случувања околу „Реплек“ каде вистинските намери не се бизнис логика, туку мафијашко правило.

Анонимни извори пак, посочуваат дека зад сите овие случувања околу „Реплек“ стојат токму Заеви, кои преку нивниот близок пријател и бизнис партнер Јовица Николовски, братучед на Душан и Владимир Пецовски сакаат да ја превземат компанијата, а целта е вака организираната шема е превземањето на фармацевскиот бизнис кој потоа би симбиозирал со бизнисот на производство на медициска марихуана.

Секако, за ваква операција е потребна и голема сума на пари, особено ако се земе во предвид дека една акција на „Реплек“ денес (13.04.2021) чини 108.000 денари. На денешен датум пак, во две блок трансакции продадени се акции во вредност од 98.000 евра со што дополнително се изместува соодносот на силите на акционерското собрание кое треба да продолжи со седницата на која би требало да се заврши насилното превземање на акционерското друштво, а која треба да се одржи во рок од осум, односно 15 дена од последното.

Префрлањето на парите за ваквата операција, од она што го брифираат извори кои сакаат да останат анонимни, оди преку бугарски компании регистрирани на име на Заеви. Од бугарските компании, парите се префрлаат на сметки на „Еленица“, од каде пак се финансираат обврските на Јовица Николовски – близок пријател на семејството Заеви и роднина на семејството Пецовски, инаку акционери во „Реплек“. Оттука пак, парите се канализираат една вработена во компанијата, која парите ги користи за регрутирање на малите акционери во компанијата, односно, ги откупува акциите преку непосредна трговија која само се официјализира преку Македонската берза.

Среќна околност во оваа ситуација е само фактот што за оваа операција веќе постојат пишани докази, изјави и друг доказен материјал кои во овој момент би биле неупотребливи пред Македонското правосудство – до следниот Џовани Фалконе, ќе живееме како статисти во филмот „Кум“.

И така, Македонија стана Менхетн, а Скопје – Мала Италија.

А.Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This