Илон Маск збyнeт: Бил и пoзитивeн и нeгaтивeн нa кopoнa co бpзитe тecтoви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извршниот директор на компанијата Тесла Илон Маск изјави дека истовремено направил четири тестови на коронавирус, од кои два биле позитивни, а два негативни.

Тој на својот Твитер налог го објави ова изразувајќи сомнеж дека нешто лажно се случува.

-Се тестирав денеска четири пати на коронавирус. Двата тестови беа негативни, а двата позитивни. Иста машина, иста сестра, ист тест. Брзи антиген тест, напиша Маск, најверојатно алудирајќи на брзиот тест од компанијата Бектон Дикинсон, пренесува Ројтерс.

Маск додаде дека направил и ПЦР тест и дека резултатите ќе му бидат дадени во рок од 24 часа.

На прашањето на еден од неговите следбеници на Твитер, дали има некакви симптоми на болеста, Маску му одговори дека се чувствува како да е настинат.

-Засега ништо невообичаено, рече тој.

Инаку, компанијата Бектон Дикинсон соопшти уште во септември дека повела истрага откако се појави информации дека нивните брзи тестови користени во домовите за стари лица давале погрешни резултати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This