ИЛЧО ЃОРЃИОСКИ СИ ЗАМИНУВА ОД ФФМ: Претседателот на ФФМ заминува од челната позиција, УЕФ ќе донира милион евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, деновиве се очекува и официјално да го соопшти повлекувањето од челната позиција, пишува интернет порталот „Екипа.мк“. Тој од следниот месец би требало да се пресели во УЕФА како советник на претседателот Александар Чеферин.

Својата одлука за повлекување од челната функција на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски денеска ќе им ја соопшти на членовите на УО на ФФМ на закажаниот состанок од 12 часот.

Инаку, ФФМ ќе добие нови, вонредни средства од УЕФА во висина од еден милион евра за подобрување на фудбалската инфраструктура во Македонија.

Официјално можеме да потврдиме дека ФФМ со помош на УЕФА е способна институција да ги поддржи важните идни проекти во нашиот фудбал, од изградбата на инфраструктура до работа со млади категории, кои се во нашиот фокус и согласно стратешкиот план на федерацијата. Со гордост можам да најавам дека благодарение на реализираните проекти, УЕФА ни доделува нови, вонредни средства од „Хет Трик“ програмата во висина од еден милион евра, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

Новите средства Федерацијата ќе ги искористи за подобрување на инфраструктурата на стадионите, а една од можностите со новиот „Хет Трик“ е доизградба на главниот стадион на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

И овие, како и добиените средства од минатите „Хет-трик“ програми на УЕФА, како Федерација ќе ги насочиме кон подобрување на фудбалската инфраструктура, а со новиот „Хет-Трик 5“ една од можностите е комплетна доградба на главниот стадион во комплексот „Петар Милошевски“ и можноста да создадеме услови и нашата А – репрезентација да игра дел од натпреварите на стадион во нашиот комлекс. Ние сме благодарни што УЕФА одново ја препозна нашата желба и подготвеност да реализираме нови проекти.Убеден сум дека повторно ќе ја оправдаме довербата која е многу значајна не само за ФФМ, туку и за националните селекции, клубовите во Македонија, Академијата и тренерската струка, додаде Поповски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This