April 18, 2024, 10:42 pm

ИЛЈАДА НОВИ ВРАБОТУВАЊА:Поставен камен-темелник на германската компанија „ВИК“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Технолошко-развојната зона кај „Алинци“ во Прилеп денеска е поставен камен темелник на новата фабрика на германската компанија „ВИК“ која ќе произведува електронски апарати за домаќинство наменети за земјите во Европската унија.

Ова е трета инвестиција во технолошко-развојната зона во Прилеп со која се очекува да бидат отворени околу 1.000 работни места.

Вкупната инвестиција изнесува 12 милиони евра и ќе се одвива во неколку фази во период од четири до пет години. Фабриката ќе се протега на површина од 5.200 метри квадратни и треба да биде готова до март следната година кога се очекува да бидат испорачани првите производи.

Камен темелникот беше поставен во присуство на претставници од Дирекцијата за технолошко-развојни зони, локалната самоуправа и стопанственици. На свеченоста присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

За прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, Македонија нуди одлична клима за развој на странските инвестиции, а отворањето на новата фабрика е од значење за градот од повеќе аспекти.

– Доаѓањето на еден ваков голем бренд кој изработува производи со висока технологија многу ќе значи за развојот на локалната економија, за намалувањето на невработеноста и е добар показател за привлекување на нови странски инвестиции. Оваа компанија ќе соработува и со локалните фирми со што ќе се отворат нови, индиректни вработувања. Фабриката ќе ги запазува највисоките технолошки и еколошки критериуми во работењето. Компанијата „ВИК“ заедно со другите компании во ТИРЗ ќе имаат соработка со локалната самоуправа во насочувањето на образовниот систем во градот за профилирање кадри за кои има потреба пазарот на трудот. Придобивка за градот е тоа што луѓето кои ќе работат ќе се стекнат со висока стручност, истакна Ристески.

Тобијас Боле од Германско-македонската стопанска комора со седиште во Скопје посочи дека германските инвестиции во Македонија се се поголеми, а македонскиот извоз во Германија е 2,5 милијарди евра.

– Асоцијацијата во 2000 година имаше само 15 членки, а денес е најбројна билатерална стопанска комора во Македонија со над 200 членки. Низ Македонија, германските компании вработуваат 2.000, а со оваа инвестиција на „ВИК“ вработување ќе најдат уште 1000 лица што значи илјада луѓе ќе останат во земјава и ќе ги хранат своите семејства. Македонија има во Германија најголем извоз од 2,5 милијарди евра и тој износ ќе расте со новите инвестиции, рече Боле.

Еден од сопствениците на компанијата „ВИК“, Кристоф Дојл нагласи дека ќе се произведуваат стотици илјади производи за широкиот пазар.

– Нашата потрага по нов пазар во Источна Европа, не донесе во Македонија, која е пример за заедничка соработка и успешна приказна. Денес почнавме да ја градиме нашата фирма во Македонија и истовремено градиме партнерство, доверба, соработка, се вмрежуваме. Добивме огромна поддршка и во Прилеп, рече Дојл.

Покрај новата фабрика на „ВИК“, во Технолошко развојната зона во Прилеп веќе работат компаниите „Гентерм“ и „Акомпласт“. Во инфраструктурното уредовање на зоната се вложени околу два милиона евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This