April 18, 2024, 12:31 pm

ИЛЈАДНИЦИ ПАРЧИЊА ОРУЖЈЕ НА НАТО: Во главното складиште на ИСИС во Сирија пронајдени десетици илијади парчиња оружје произведени од НАТО земјите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во складиштата на ИСИС во градот Мејадин се откриени најнови модели на оружје на НАТО, изјавил за новинарите генерало на сириската војска Хасан Сухејл

Сириската војска запленила голем арсенал на оружје на милитантите со поддршка на руските воздушно-космички сили.

„Ќе ни треба најмалку шест дена за да ги извадиме сите трофие кои милитантите на ИСИС ги оставиле позади себе по бегството. Тука има премногу оружје и различни комуникациски средства од странско производство“, рекол Сухејл.

Мејадин беше логистички центар со добро организиран систем на складишта и фабрики. По неговото ослободување, трофеите на сириската војска станаа и лесно и противтенковско оружје, артилериски системи и гранати, мини од домашно производствто, како и тенкови и оклопни транспортери кои претходно се одземени од ирачката војска.

Војниците на новинарите во Мејадин им ги покажале запленетите телекомуникациски системи, радиолокациона опрема, медицински прибори и фабрика за производство на дронови со десетина готови бесполитни летала. Милитантите ги користеле за извидување и прецизно бомбардирање.

Поголем дел од арсеналот на терористите е во оружје, произведено во државите на НАТО. Помеѓу останатото во складиштата на терористите во Мејадин пронашле и хаубица со калибар 155-мм, од британско производство, произведена во 2011 година.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This