ИМАЛЕ КОНТАКТ СО ЗАРАЗЕН, НО И НАТАМУ ОДАТ НА РАБОТА: На Основен суд Скопје 2 му се заканува изолација на половина вработени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца службеници од Основен суд Скопје 2 кои работат во одделот за работни спорови се заразени со корона вирусот.

Но, како што сведочат нивни колеги проблемот е што останатите лица кои се со нив во канцеларија одат на работа.

-Проблемот е што останатите одат на работа и не се преземаат никакви мерки. Значи ниту лицата се тестираат, ниту се ставаат во изолација или самоизолација. На овој начин сите се ставаат во опасност во целата институција, сведочат лица од Основниот суд Скопје 2.

Сето ова се случува во ситуација кога во земјава секојдневно расте бројот на новозаболени, а веќе има 140 починати од корона вирус. Или како што оценуваат медицинските лица Македонија се движи кон втор пик, кој беше претпоставено дека евентуално би се случил есенва.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This