ИМАМЕ ДОКАЗИ ДЕКА ХЕМИСКИОТ НАПАД Е ИСЦЕНИРАН: Земја која „преничи во русофобијата“ го има исценирано наводниот напад во Дума, имаме докази

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија располага со неоспорливи докази дека хемискиот напад во градот Дума и во Источна Гута е исцениран, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на заедничка прес конференција со шефот на дипломатијата на Холандија Стефан Блок во Москва.

“Имаме неоспорни докази дека се работи за исценирана акција на специјални служби од страна на земја која настојува да биде во првите редови на русофобска кампања”, рече Лавров.

Тој потсети дека во Сирија отпатува мисија на експерт на Организацијата за забрана на хемиско оружје, која во Дамаск треба да пристигне утре изутрина.

“Сметаме на тоа дека делегацијата без задржувања ќе тргна кон Дума каде што руските стручњаци не можеле да утврдат дека е користено било како хемиско оружје, станува ли збор за гас хлорин или ништо друго”, истакна Лавров.

Рускиот министер додаде и дека контактите помеѓу Русија и САД по прашањето на Сирија продолжуваат и дека каналите на комуникација и уште се активни и наведе дека Москва се надева дека ќе соработува со САД на надворешно политички план.

Холандскиот министер за надворешни работи Стефан Блок изјави дека сеуште не е започната нова Студена војна, и истакна дека тој не би сакал тоа да се повтори.

“Оние кои ги читаат медиумите веруваат дека Студената војна повторно се врати, често новинарите ми го поставуваат тоа прашање.. Одговорот е едноставен – не “, рече тој.

Блок се осврна и на падот на малезискиот авион над југоисточна Украина, случај за кој Холандија е подготвена да соработува со сите земји, за да се реши.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This