April 19, 2024, 10:01 am

ИМАМЕ НА ШТО ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ: „Њујорк тајмс“ го препорачува „Медена земја“ во топ 11 филма

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секоја пролет, Музејот на модерната уметност и филмското здружение на „Линколн центарот“ на њујорчани им нудат збир од разновидни филмови, познат како „Нови режисери/Нови филмови“. Оваа година повеќето филмови доаѓаат од интернационални филмски фестивали и изборот вклучува дела што претставуваат социјално свесен реализам, историска фантазија и експериментален документарец, пишува „Њујорк тајмс“, пренесува Нова Македонија.

Нивните двајца главни филмски критичари, Манола Даргис и А.О. Скот, нудат листа од 11 филма што вреди да се погледнат во изборот „Нови режисери/Нови филмови“, а македонскиот документарец „Медена земја“ на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска се најде меѓу нив.

Покрај „Медена земја“, листата ги содржи насловите: „Анџело“ (Маркус Шлејнзер, Австрија), „Припаѓање“ (Бурак Џевик, Турција), „Собарката“ (Лила Авилез, С.А.Д.), „Милост“ (Чинонји Чукву, С.А:Д.), „Потопено семејство“ (Лукреција Мартел, Аргентина), „Товар“ (Огњен Главонич, Србија), „Полноќна фамилија“ (Лук Лоренцен, С.А.Д), „Монос“ (Алехандро Ландес, Холандија), „Споделување“ (Пипа Бианко, С.А.Д) и „Приградски птици“ (Киу Шенг, Кина).

– Хитот на годинешниот филмски фестивал „Санденс“, „Медена земја“, кој освои три награди, вклучувајќи ја главната награда од стручното жири, претставува визуелно вчудовидувачки портрет што нуди по нешто слатко за сите – напиша деновиве порталот за филм „СФфилм“.

Атиџе живее со својата стара, болна мајка, во планините на Македонија, заработува пари култивирајќи мед на древен, традиционален начин. Но кога една диво семејство се вселува во соседството, она што на прв поглед личи како лек за нејзината самотија, се претвора во тензија кога и тие, исто така, добиваат желба да се занимаваат со пчеларство без да ги земат предвид нејзините совети.

– Почетните сцени на „Медена земја“ се толку рустично раскошни што те тера да се запрашаш за момент дали можеби биле изрежирани. Елегантно облечена во окер-блуза и смарагдна шамија, снимена како полека заобиколува низ карпест, но спектакуларен балкански пејзаж, средовечната пчеларка Атиџе Муратова оди да ја провери својата оддалечена, скриена колонија на пчели – извонредно извлекувајќи го саќето од кое капе мед во иста боја како нејзината облека. Кога ќе се видат човекот и природата толку извонредно координирани, изгледа како Атиџе да пораснала од истата карпеста земја, и во извесна смисла така и е – напиша деновиве Гај Лоџ од филмскиот сајт „Варајати“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This