Дамјан Трајковски од ТК Кобра, јуниори категорија 78+ кг се наоѓа на четвртото место на светската ранг листа во неговата категорија. Најголеми успеси на Дамјан Трајковски во 2019 година му беа двата златни медали на Г1 турнири во Босна и Албанија.
Милијана Релиќ од ТК Тигри, јуниори категорија -67 кг се наоѓа на петтото место на светската ранг листа во нејзината категорија. Најголеми успеси на Милијана Релиќ во 2019 година беа петтото место на Европско Јуниорско Клубско Првенство и златниот медал на Г1 турнир во Босна.
Филип Стаменов од ТК Бутел, јуниори категорија -78 кг се наоѓа на седмото место на светската ранг листа во неговата категорија. Најголеми успеси на Филип Стаменов во 2019 година беа златниот и бронзениот медал на Г1 турнири во Албанија и Србија.
Претседателот и селектор на македонската таеквондо федерација Д-р Борче Костовски смета дека македонското олимписко таеквондо има сериозно квалитетен потенцијал во неколкумина квалитетни младински репрезентативци тука се млдиот сениор Марко Аврамовски, јуниорката Фросина Рајковска и неколкумина други, Костовски вели дека предстојат светли денови за нас во овој олимписки спорт и дека напорната работа, следењето на светските модерни трендови во овој спорт и постојаната жртва раѓаат високи резултати.
Костовски додадва дека се надева Дејан Георгиевски, Филип Додевски и Анамарија Георгиевска ќе имаат наследници кои ќе чекорат патот на сениорскиот врв во олимпиското таеквондо.