ИМАШЕ ИЛИ НЕ ОБИД ЗА САМОУБИСТВО ВО КИСЕЛА ВОДА: Дел од медиумите пренесуваат за самоубиство, надлежните немаат одговор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Министерството за внатрешни работи, утринава околу 8:15 часот било пријавено од случаен минувач дека забележал лице кое паѓало од тераса од зграда во населбата Кисела Вода.

-По пријавата полициски екипи се упатиле во Ургентниот центар, бидејќи лицето со возило на Итна медицинска помош било пренесено таму, но во Ургентен не нашле лице повредено од пад или починато, објаснуваат од МВР за КУРИР.

Неофицијално, лицето чиј идентитет не е познат во Ургентниот центар се расправалo со медицинскиот персонал, по што си заминалo.

Од МВР за КУРИР велат и дека до овој момент на територија на Град Скопје немаат пријава за самоубиство.

Дел од медиумите претходно објавуваа дека се случило самоубиство на улицата „Михаил Чаков“. Според нивните пишувања младо момче скокнало од кров на зграда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This