March 29, 2024, 12:29 am

Има ли крај?: 949 лица починaлe од ковид-19, досега заразени вкупно 27827

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нови 628 случаи со Ковид-19 од 2236 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа.

Од нив во Скопје има 353, Куманово 33, Штип 13, Прилеп 36, Тетово 33, Струга 11, Велес 34, Битола 28, Охрид 17, Кавадарци 7, Гостивар 7, Струмица 20, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод 2, Берово 2, Виница 1, Делчево 4, Свети Николе 6, Кичево 6, Ресен 1, Неготино 2.

Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти од: Скопје 281, Куманово 18, Дебар 12, Штип 6, Прилеп 9, Тетово 31, Струга 4, Велес 9, Битола 15, Охрид 8, Кавадарци 9, Гостивар 11, Гевгелија 10, Струмица 14, Крива Паланка 12, Радовиш 3, Кочани 15, Пробиштип 1, Пехчево 2, Берово 9, Валандово 2, Виница 6, Делчево 31, Кратово 1, Свети Николе 3, Кичево 7, Неготино 2.

Починaти се 15 лица, седум пациенти од Скопје (76,63,84,82,75,80 и 85г), тројца пациенти од Велес (41, 86 и 57), двајца пациенти од Гевгелија (60 и 51г), еден од Ресен (70г), еден од Делчево (59г) и еден пациент од Охрид (87г).

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 27827. Во државава вкупно оздравени се 19479 пациенти, а починaти се 949 лица. Во моментот има 7399 активни случаи.

На Инфeктивната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се xоспитализирани 152 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 10 позитивни мајки, 3 деца и 3 мајки суспектни на ковид-19

Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На инфeктивните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 304 позитивни и cомнителни на Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This